Исланд си доби „ќотек“ од Мароко, ама си обезбеди победа

Репрезентацијата на Исланд во 3. коло од прелиминарната фаза на Светското првенство во Египет обезбеди пласман во главната рунда откако ја совлада селекцијата на Мароко со 31:23.

Исланѓаните немаа многу проблеми да се справат со африканската репрезентација, Мароко имаше само добар почеток и предност во првите десетина минути. Но во продолжение работите дојдоа на свое место и доминираше една екипа на теренот.

После водството од 3:1 на Мароко, репрезентацијата на Исланд го презема водството и успешно го задржа до крај. Уште по првото полувреме фаворизираната селекција ја оправда улогата и имаше добра предност од 15:10. Кај Мароканците имаше голема нервоза, па заработија рано исклучување уште во 10. минута кога Исмаили доби директен црвен картон.

Залихата од првиот дел се покажа доволна за конечна победа во продолжението. Во 46. минута поцрвене и Харчауи, додека во 50. минута на Хакими му беше покажан и син картон. Сите картони беа поради груби стартови, но на Хакими му се заканува и суспензија бидејќи ќе следува извештај за синиот картон.

Разликата растеше во корист на Исланд и во завршницата, а на крајот достигна високи осум гола. Со оваа победа Исланд во следниот круг оди со два бода, додека Мароко игра ќе игра во Президент купот.

18 јануари 2021
31 - 23
Крај

Детали

Датум Време Лига Сезона Match Day Крај
18 јануари 2021 22:17 ГРУПА Ф 2020/2021 18.01.2021 60'

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
ИСЛАНД1531Победа
МАРОКО1023Пораз

ИСЛАНД

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Бјоргвин Густавсонголман00
7Виго Кристјансондесен бек06
8Бјарки Мар Елисонлево крило04
9Елвар Јонсонцентрален бек02
11Имир Гисласонпивот11
13Олафур Гудмундсонлев бек16
15Александер Петерсондесен бек00
17Арнор Гунарсондесно крило01
18Гисли Кристјансонцентрален бек05
20Агуст Бјоргвинсонголман00
21Арнар Арнарсонпивот01
22Сигвалди Бјорн Гудјонсондесно крило02
23Одур Гретарсонлево крило00
24Магнус Оли Магнусонлев бек00
26Кристјан Кристјансондесен бек02
29Елиди Видарсонпивот01
 Вкупно 231

МАРОКО

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Јасин Идрисиголман00
7Резуки Реидадесно крило03
8Амине Бенталебцентрален бек03
10Мохамед Зароилицентрален бек15
12Алае Ларусиголман00
13Хишам Хакимидесен бек10
18Лахен Белиманлев бек12
21Насим Хамед Фуганидесен бек20
27Сами Ламдакарцентрален бек00
46Амин Харчауицентрален бек04
91Ашраф Адлипивот12
92Хасан Ел Кахрадилев бек00
93Ријад Лакбилево крило00
94Мехди Алауипивот10
99Набил Сласипивот03
24Мохамед Езинелев бек01
 Вкупно 723

Officials

Судии:
Вацлав Хорачек -Чешка
Јири Новотни -Чешка
ПозЕкипаНПРЛБ.
1НОРВЕШКА33006
2ХОЛАНДИЈА32014
3АРГЕНТИНА31022
4МАКЕДОНИЈА30030

Летаа црвени и сини картони, „пола“ Мароканци се преселија на трибини (ВИДЕО)