Искусниот пикер останува во Битола – Васко Димитровски уште една година во Еурофарм Пелистер 2

Тимот на Еурофарм Пелистер 2 продолжува да го формира ростерот за следната натпреварувачка сезона.

Искусниот кружен напаѓач Васко Димитровски го продолжи договорот и ќе остане во екипата уште една сезона.

Димитровски е дете на Пелистер, во кариерата ги носеше дресовите на Вардар, Прилеп и унгарскот Егер Естерхажи, a во 2015 година се врати во Битола.

Заедно со Стефан Андонов и со Филип Арсеновски ќе ја сочинуваат тројката кружни напаѓачи во составот на Александар Јовиќ.

Вториот битолски тим денеска стартува со подготовките за новата сезона.