ИН МЕМОРИАМ: Почина поранешен тренер на Куманово и Тутунски комбинат

Во 70. година од животот денеска почина поранешен тренер на тимовите на Куманово и Тутунски комбинат од Прилеп, Радомир Костиќ познат и како Црни. Стратегот од Лесковац имаше одлични резултати со овие две екипи така што остави длабока трага.

Костиќ беше тренер на Куманово, а со овој тим успеа да стигне до место во Купот на ЕХФ. Потоа во 2001 година го презеде Тутунски комбинат со кој успеа да ги забележи најголемите успеси во историјата на клубот. Во сезонаа 2001/02 дојде до 2. позиција во првенството и до титулата во Купот на Македонија.

Радомир Костиќ имаше 70 години, а беше поранешен репрезентативец на Југославија. Со 16 години почнал да брани за Дубочица, а во свое време бил еден од најдобрите млади голмани. Подоцна стигнал до место и во сениорската репрезентација.

Од 1985 година ја почнал тренерската кариера, а покрај Куманово и Тутунски комбинат ги предводел и екипите на Дубочица, Бор, Обилиќ, Мокра гора…