Интересни факти за дуелот Кил – Вардар, денеска ги очекува нова пресметка во Лигата на шампионите

Со натпреварот меѓу Кил и Вардар денеска продолжува сезоната во Лигата на шампионите, а ова е првиот натпревар од 11. коло. „Црвено-црните“ гостуваат на секогаш тешкиот терен во Германија, но имаат покажано дека знаат како да дојдат до победа.

За овој натпревар може да се издвојат неколку интересни моменти поврзани со двете екипи, па убаво е да се знаат пред овој дуел.

Доколку некои од нив имате заборавено убаво е да се потсетите.

ФАКТИ ЗА ДУЕЛОТ КИЛ – ВАРДАР

– За екипата на Кил денеска на теренот ќе биде и ракометарот кој ја доби наградата за МВП на последното Европско првенство. Домагој Дувњак немаше можност за одмор и покажа дека е во одлична форма постигнувајќи пет гола на сребдата против Хановер веднаш после освојувањето на сребрениот медал на ЕП.

– Сезонава веќе еднаш се судрија на терените, а натпреварот го одиграа во октомври. Кил победи убедливо со 31:20 во СЦ „Јане Сандански“, а тоа беше причина и за смена на тренерската позиција во Вардар.

– Во редовите на Кил настапуваат двајца ракометари кои на последното Европско првенство беа меѓу најдобрите поединци. Домагој Дувњак беше прогласен за најкорисен играч на целиот турнир, додека Хендрик Пекелер беше најдобриот дефанзивец.

– На последниот натпревар одигран во Шпаркасе арена меѓу Кил и Вардар славеа „црвено-црните“ со 29:28. Овој меч беше одигран на 22 април во 2018 година.

– Играчот кој од 2015 до 2018 година го носеше дресот на Кил, а сега е во редовите на Вардар, Кристијан Дисингер денеска ќе го нема во тимот. Тој имаше операција на менискусот и ќе биде надвор од терените уште извесно време.

– Во Вардар денеска го нема и Данил Шишкарев поради инфенкција на увото.