„Имав преддоговор со Вардар кога играв за Вецлар“

По распадот на шампионскиот тим на Металург, по СП 2015 во Катар, Дејан Манасков минува една полусезона во Вецлар, а потоа се враќа дома, но сега во редовите на Вардар.

Многу се шпекулираше околу тоа дали крилото однапред било договорено или не со „црвено-црните“, а сега ги откри деталите.

„Имаше интерес од Вардар уште пред да заминам за Вецлар, но во целиот тој хаос, првпат да се соочував со такво нешто во кариерата, не знаев која страна да ја фатам буквално! Луѓе ми се јавуваа, имаше некои понуди, но реков дека ми треба малку време да размислам. Контактирав со Андеј Голиќ, му кажав дека сум слободен и дека барам клуб, дека парите не ме интересираат и дека важно ми е само да играм. По една недела ми се јави со понуда од Вецлар и јас потпишав за нив. Веднаш потоа потпишав и со Вардар дека од следната сезона ќе играм за него. Знаев дека ќе се вратам дома, но се сè држеше во тајност до крајот на таа сезона“, раскажува Дејан и додава: „Влијание имаше и Пепи. Тој беше тренер во Вардар и во разговор со Самсоненко инсистираше да играм во Вардар. Вистината е дека тоа беше проект во кој многу се инвестираше, со одлична екипа, добар тренер и го гледав како шанса дека можам да напредувам и затоа и дојдов.“

Подолу прочитајте го викенд-интервјуто со Дејан Манасков.

ИНТЕРВЈУ ДЕЈАН МАНАСКОВ: Порано постоеше ред, сега многу лесно се станува репрезентативец