„Имав понуда од Михајловски да останам во Вардар, но барав нов предизвик“

Кинезитерапевтот Димитар Маневски беше дел од Вардар седум години, односно во времето кога клубот го предводеше Сергеј Самсоненко. Тој беше дел од медицинскиот тим на “црвено-црните”, еден од омилените ликови на ракометарите, со заслуги и придонес кон двете титули во Лигата на шампионите.

Маневски открива дека имал понуда да остане во Вардар, но се одчучил за нов предизвик.

„По заминувањето од Вардар, иако имав понуда од Михајло Михајловски да останам во клубот, но се одлучи за нов проект КЛ7 Голден Арт, а и сакав да работам со Кирил Лазаров. Прифатив да бидам дел од одличен проект со кој сакав да изградам нешто. Предизвикот беше поинаков, а и по седум години во Вардар и се што поминав сакав да пробам нешто различно. Односно во Вардар работев со професионалци, а сега идејата беше да се влезе во базата и да градиме професионалци. Разликата е огромна. Личното искуство вели дека бев изненаден како може од два милиони луѓе да имаме толку талентирани деца за ракомет. Со нив е поспецифичен начинот на работа, тие треба да бидат изградени во професионалци”, објаснува Маневски.

За важноста и значењето на медицинскиот тим во еден спортски колектив прочитајте го целосното интервју…

ИНТЕРВЈУ ДИМИТАР МАНЕВСКИ: Во соблекувалната се “бориме” за играчите, исто како што тие се борат на теренот!