„Имавме несогласувања со Брестовац, но СП го пропуштив поради повреда!“

По скоро една деценија во националниот тим, левото крило Дејан Манасков првото големо натпеварување кое го пропушти беше Светското првенство во Египет во јануари годинава. Многу се шпекулираше околу причините зошто Манасков не настапи на Мундијалот, дали поради повредата или друга е причината.

„Имав некои несогласувања со Данило по ЕП во Австрија, но разговаравме и го решивме тоа. Причината поради која не играв на СП е повреда. Прво во ноември имав повреда на адукторот, а потоа во декември пред Ф4 во Келн ми ‘пукна’ задна ложа. Штрлек имаше коронавирус и Веспрем направи се за експресно да санирам повреди и да играм на ‘фајнал-фор’. Бев во контакт со Данило и тој ми кажа дека ќе има собир на репрезентацијата, но дека не се знае дали ќе играме во Египет и дека не не планира мене, Џомба… Му објаснив дека ми одговара и мене затоа што морам да ја санирам повредата. По Ф4 комплетно се опуштив, беа празници, одмарав и до 6-7 јануари (кога се јави Данило) немав воопшто тренирано. Искрено му кажав дека не сум спремен и ризикувам да обновам повреда. Нему му беше јасна мојата ситуација и се договоривме дека ако сум му потребен за втор круг ќе дојдам во Египет, но од тоа немаше потреба“, вели Дејан Манасков.

Подолу прочитајте го разговорот со Манасков.

ИНТЕРВЈУ ДЕЈАН МАНАСКОВ: Порано постоеше ред, сега многу лесно се станува репрезентативец