Имаат повеќе од 30.000 жители позитивни на коронавирус, а играа(т) ракомет!

И покрај тоа што има повеќе од 30.000 жители на Белорусија што се позитивни на коронавирусот, таму животот тече како ништо да не се случува.

Откако решија пред две седмици да го прекинат машкиот шампионат, со оглед на тоа што јасно беше дека Мешков Брест ќе биде првак, раководните лица на белоруската ракометна федерација решија да се игра финалето во плеј-офот кај жените.

Таму играа Гомел и БНТУ Белаз. Во првиот натпревар кој се играше на теренот на БНТУ, победи домаќинот со минимални 31-30.

Сепак во реваншот Гомел ја надомести разлика и победи со 29-27. Иако уште на полувремето победата беше обезбедена, 16-9, сепак во финишот домаќинките малку стравува.

БНТУ не успеа да се врати комплетно во натпреварот, па победа и титулата остана за Гомел. Иако Белорусија полека станува една од најзагрозените земји во Европа од коронавирусот, сепак натпреварите се играа со присуство на публика.