„Или ќе преживееме или ќе оставиме сè и ќе дозволиме Татран да згасне“

Татран Прешов во изминатиот период беше многу активен на трансфер пазарот. Донесе неколку интернационалци од Јужна Америка и од Африка и се подготвува за наредната сезона. Сепак коронавирусот им направи многу проблеми.

Претседателот на клубот Мирослав Хмељар за официјалниот сајт на клубот изјави дека пред нив е многу тежок период, а голема е веројатноста и клубот да пропадне доколку не добие помош.

„Тренерот има договор за следната година, исто така и играчите имаат договори оза наредните две или повеќе години. Но, финансиските проблеми во клубот не се решени, никој не го поддржува ракометот во градот. Дали ќе преживееме или ќе оставиме сè и ќе дозволиме машкиот ракомет во Прешов да умре е неизвесно. Сакаме да играме така и да освојуваме титули. Сигурно нема да ја освоиме Лигата на шампионите, но потребна ни е поддршка. Сега главниот финансиски фокус е на компанијата Татран. Нашите играчи добиваат плати според договори 12 месеци годишно. Сепак, поради пандемијата, и тие се согласија да ги намалат платите“, рече Хмељар.

Минатата сезона Татран Прешов се натрпеваруваше во Лигата на шампионите и СЕХА лигата, но потоа најавија дека ќе се трансформираат во аматерски клуб. Сепак работите не се одвиваа така, доведоа многу играчи и повторно екипата се подготвува за новата сезона.