Илиев броеше до 19, Радовиш го испрати Металург 2 со полна мрежа

Ракометарите на Радовиш продолжуваат со добрите игри на почетокот на сезоната и во 5.коло остварија нова победа против Металург 2 на домашен терен со 49:34.

Домаќинот уште во првиот дел го навести победникот на натпреварот. Многу рано започнаа да ја градат предноста, а до полувремето имаа двоцифрена разлика. По 30 минути игра беше 22:12.

Eфикасната игра на ракометарите на Радовиш продолжи и во вториот дел кога постигнаа дури 27 гола. Исклучително расположен за игра беше Илиев кој беше незапирлив. Младиот состав на Металург 2 немаше сили да се спротивстави на одличниот состав на домашниот тим.

Ивица Илиев беше убедливо најдобар на теренот со вкупно 19 гола, зад него Филип Николов постигна шест за Радовиш. Во составот на Металург 2, Бојан Николовски со осум реализации беше најефикасен.

РАДОВИШ – МЕТАЛУРГ 2 49:34 (22:12)

Сала: 25-ти мај во Радовиш. Гледачи: 50. Судии: Ѓоко Колевски и Сашо Кркачев. Делегат: Васил Чавдаров.

Радовиш: Паунов, Тушев, Ѓорѓиев 2, Ѓоргиевски 3, Долдуров 3, С.Ѓорѓиев 4, Илиев 19, Николов 6, Органџиев, Везенковски 6, Ристов, Стојановски 3, Трајанов, Постолов, Фенов 3, Јованов.

Седмерци: 3/4. Исклучувања: 12 мин.

Металург 2: Михајлов , Мелоски 1, Кофиловски 4, Савковиќ 6, Николовски 8, Ацевски, Божиновски, Митиќ 2, Мирчевски 1, Василевски, Ристовски, Георгиевски, Танев 1, Гајиќ 3, Додиќ 2, Ефтимов 5.

Седмерци: 5/7. Исклучувања: /.