Излегувањето од карантин се слави како победа (ФОТО)

Репрезентацијата на Полска оствари две победи во групната фаза на Европското првенство во Унгарија и Словачка и се пласира во главната рунда.

Иако селекторот Патрик Ромбел имаше големи проблеми со дел од ракометарите кои беа позитивни тестови на коронавирусот, сепак Полска се прикажа во одлично издание.

Освен пласманот во главната рунда, Ромбел има уште една причина за задоволство, бидејќи пет од седумте ракометари што беа во карантин, се вратија во стројот.

Меѓу нив се левото крило од Вардар, Јан Чувара, голманот Адам Моравски, потоа Пјотр Чрапковски, Кацпер Адамски и Дамијан Пржитула.

Во карантин останува вториот вардарец, Патрик Валчак. Полска во првото коло од главната рунда денеска ќе игра против Норвешка од 20:30 часот.