Извлечени групите за Прва лига, кој против кого во новата сезона

Денеска во просториите на Ракометната Федерација на Македонија беа извлечени групите за новата сезона во Првата лига.

За новата сезона се пријавија 20 екипи, кои ќе бидат поделени во две групи и ќе одиграат 18 кола во регуларниот дел од сезоната.

Потоа најдобрите пет од двете групи формираат плеј-оф група, додека оние од 5 до 10 место ќе играат во плеј-аут.

Првото коло би требало да се одигра на 10/11 септември, додека последното од плеј-оф/аут на крајот на мај следната година.

Прва лига, сезона 2022/23:

Група А: Работнички, Македонија ЃП, Мултиесенс, Кичево, Бисинов, Текстилец, Јехона, Шампион, Овче Поле, Младост Богданци

Група Б: Риниа, Борец, Партизан Гевгелија, Ангели Волково, Астраион, Аеродром, Голден Арт 2, Металург РА, Преспа, Драчево