„Избрканиот“ Келентриќ си најде нова работа

Прославениот хрватски голман Марио Келентриќ по крајот на 12-годишниот престој во хрватската репрезентација и Загреб, се сели во Босна и Херцеговина и ќе биде тренер на Слога Добој.

Иако преку ноќ беше „тргнат“ од позицијата тренер на голмани во тимот на Загреб, и на неговото место беше донесен 24-годишниот Ариан Јовиќ, сепак Келентриќ бргу си најде нова работа.

Во играчката кариера тој беше член на Запрешиќ, Загреб, Медвешчак, Целје, Метковиќ, Тусем Есен, Вернон и Мелсунген, каде што замина во пензија.

Тимот што ќе го преземе Келентриќ, Слога Добој, првенството го заврши на четвртото место и ќе игра во ЕХФ Купот.