Избрани најдобрите во ЛШ: Радичевиќ и Лејно дел од Ол Стар тимот, најдобар дефанзивец е Аморим (ФОТО/ВИДЕО)

Иако не е во склоп на завршниот турнир во Лигата на шампионите, каква што е традицијата минатите години, сепак ЕХФ и навивачите го избраа Ол Стар тимот на најелитното натпреварување.

Во овој тим имаше место и за две поранешни ракометарки на Вардар – голманката Амандин Лејно и десното крило Јованка Радичевиќ.

За најдобра одбранбена ракометарка е избрана македонската снаа и поранешна членка на Кометал Ѓорче Петров, Едуарда Аморим Талеска.