По завршувањето на есенската полусезона, односно 16 кола од регуларниот дел од Супер машката лига, го избираме идеалниот тим и МВП на полусезоната.
Тимот на 24Ракомет, како единствениот специјализиран спортски портал посветен на ракометот поддржан од Jamieson ви овозможува да гласате за најдобрите ракометари во првиот дел од сезоната.
Ние одбравме по петмина играчи на секоја позиција од кои вие можете да одберете по еден и да го дадете својот глас.
Вие со гласање ќе изберете кои играчи ќе бидат најдобри и ќе влезат во идеалниот тим. Ќе го избереме и МВП играчот на сезоната.
Во категоријата десно крило се номинирани:
РЕВАЗ ЧАНТУРИЈА (Прилеп) – Искусниот ракометар од Грузија и во оваа сезона го покажа својот квалитет. Беше еде од играчите на Прилеп кои доминираа на теренот.
МИЦЕ ШИЛЕГОВ (Охрид) – Пред почетокот на оваа сезона пристигна во Охрид како засилување за позицијата десно крило и покажа дека е добро засилување за тимот кој се бори за место во плеј-офот.
НЕНАД КОСТЕСКИ (Еурофарм Пелистер) – Репрезентативецот на Македонија ја делеше минутажата со Божиќ-Павлетиќ и беше еден од играчите кои секогаш беа расположени за голови.
ЕВГЕНИЈ ТЕМЕЛКОСКИ (Тиквеш) – Беше освежување во играта на кавадарчани и покажа дека станува еден од стандардните ракометари на тимот на Тиквеш.
ГОЦЕ ГЕОРГИЕВСКИ (Вардар) – Ракометарот кој е меѓу најискусните играчи во Вардар го одржа репрезентативното ниво и на клупски план.
Гласањето ќе биде отворено до 30 јануари до 12 часот, а секој читател може да го даде гласот за еден избор за секоја позиција, како и за најдобар одбранбен ракометар, млада надеж и тренер кој дал најголем придонес оваа полусезона.