По завршувањето на есенската полусезона, односно 16 кола од регуларниот дел од Супер машката лига, го избираме идеалниот тим и МВП на полусезоната.
Тимот на 24Ракомет, како единствениот специјализиран спортски портал посветен на ракометот поддржан од Jamieson ви овозможува да гласате за најдобрите ракометари во првиот дел од сезоната.
Ние одбравме по петмина играчи на секоја позиција од кои вие можете да одберете по еден и да го дадете својот глас.
Вие со гласање ќе изберете кои играчи ќе бидат најдобри и ќе влезат во идеалниот тим. Ќе го избереме и МВП играчот на сезоната.
Во категоријата централен бек се номинирани:
СТРАХИЊА СИМИЌ (Тиквеш) – Сезонава е меѓу подобрите во тимот од Кавадарци. Често беше во изборот за играч на колото, а беше лидер во нападот.
ХАЛИЛ ОЗТУРК (Металург) – Освежување во тимот на Металург и играч кој имаше добар придонес особено во оваа сезона. Еден од играчите кои понесоа голем товар.
ЈОСИП ПЕРИЌ (Еурофарм Пелистер) – Играчот кој остави голем белег во минатото првенство и во ова имаше свои одлични партии. И во Супер лигата и во Лигата на Европа беше лидер.
ФИЛИП КРИВОКАПИЌ (Охрид) – Одработе добри средби во дресот на Охрид. И во оваа сезона е на потребното ниво така што е од голема корист во таборот на охриѓани.
АНТЕ ГАЏА (Вардар) – Овие неколку месеци одигра далеку најдобро откако е во Вардар. Покажа дека може многу повеќе и донесе новитети во нападот на вардарци.
Гласањето ќе биде отворено до 30 јануари до 12 часот, а секој читател може да го даде гласот за еден избор за секоја позиција, како и за најдобар одбранбен ракометар, млада надеж и тренер кој дал најголем придонес оваа полусезона.