ИДЕАЛЕН ТИМ НА 5. КОЛО ОД СУПЕРЛИГА (АНКЕТА)

Традицијата продолжува и екипата на 24Ракомет и годинава ќе ви овозможува во секое коло да гласате за најдобрите ракометари по коло во вториот дел од сезоната.

Сезоната ќе биде долга, ќе има неизвесни битки за титулата и за опстанокот, а на љубителите на ракометот нема да им недостигаат драматични и неизвесни натпревари.

Ние ги одбравме најдобрите седум, а со помош на вашите гласови ќе се одбере ракометарот кој ќе биде МВП на колото. Ќе можете да гласате до четврток до 12 часот.

Според Вас кој е најкорисниот ракометар на 5. коло во машка Супер лига?

Петар Ангелов -голман- Пролет
44.31%
Хазеин Рустамов -лево крило -Прилеп
28.30%
Ненад Костески-десно крило-Еурофарм Пелистер
9.67%
Стефан Атанасовски-пивот-Вардар
9.47%
Мартин Манасков -лев бек -Охрид
4.13%
Ивица Илиев -среден бек -Радовиш
2.52%
Јосип Векиќ-десен бек-Вардар
1.61%

Резултати, плеј-оф/плеј-аут, 5 коло:

Младост Богданци – Работнички 24-23 (ИЗВЕШТАЈ)
Тиквеш – КЛ7 30-27 (ИЗВЕШТАЈ)
Вардар – Струга 36-22 (ИЗВЕШТАЈ)
Металург – Еурофарм Пелистер 22-32 (ИЗВЕШТАЈ)
Еурофарм Пелистер 2 – Охрид 26-26 (ИЗВЕШТАЈ)
Јуниор КВ – Радовиш 32-34 (ИЗВЕШТАЈ)
Астраион – Прилеп 25-29 (ИЗВЕШТАЈ)
Пролет – Бутел Скопје 22-21 (ИЗВЕШТАЈ)

ИДЕАЛЕН ТИМ НА 5. КОЛО

ГОЛМАН: Петар Ангелов (Пролет) – Искусниот чувар на мрежата беше еден од најзаслужните за триумфот на Пролет над големиот ривал Бутел Скопје и успеа да запре 12 противнички удари.

ЛЕВО КРИЛО: Хазеин Рустамов (Прилеп) – Грузискиот репрезентативец Рустамов постигна четири погодоци и заедно со Тренчевски го водеа Прилеп до важен триумф над Астраион во битката за опстанок.

ЛЕВ БЕК: Мартин Манасков (Охрид) – Иако охриѓани по триумфот на Металург можеа да останат без бодови во Битола кај Еурофарм Пелистер 2, сепак Манасков се погрижи за еден бод со голот во последните секунди.

СРЕДЕН БЕК: Ивица Илиев (Радовиш) – Искусниот организатор на играта со години е меѓу најдобрите стрелци и пеналџии во суперлигашкото друштво. Тој даде 12 голови во првата победа на Радовиш во плеј-аутот.

ДЕСЕН БЕК: Јосип Векиќ (Вардар) – Хрватскиот интернационалец беше во втор план во ЛШ, но добива шанса да игра во напад на суперлигашките натпревари. Беше меѓу најдобрите стрелци со седум гола во триумфот над Струга.

ДЕСНО КРИЛО: Ненад Костески (Еурофарм Пелистер) – Заедно со Периќ и Мандалиниќ, македонскиот репрезентативец беше меѓу најзаслужните за убедливиот триумф на битолчани во Автокоманда.

ПИВОТ: Стефан Атанасовски (Вардар) – Младиот кружен напаѓач одигра голем дел од мечот на Вардар против Струга и на најдобар можен начин ја искористи големата минутажа со седум постигнати погодоци.