ИДЕАЛЕН ТИМ НА 16. КОЛО ОД СУПЕР МАШКАТА ЛИГА (АНКЕТА)

Традицијата продолжува и екипата на 24Ракомет и годинава ви овозможува во секое коло да гласате за најдобрите ракометари по коло во есенскиотдел од сезоната.

За разлика од лани годинава има 12 екипи, а играат и Вардар и Еурофарм Пелистер. Сезоната ќе биде долга, ќе има неизвесни битки за пласман во плеј-офот каде ќе играат шест екипи. Дефинитивно на љубителите на ракометот нема да им недостигаат драматични и неизвесни натпревари.

Ние ги одбравме најдобрите седум, а со помош на вашите гласови ќе се одбере ракометарот кој ќе биде МВП на колото. Ќе можете да гласате до петок до 23 часот.

Според Вас, кој ракометар го одбележа шеснаесеттото коло од машката Суперлига?

Жарко Бајрактаревиќ - десен бек - Струга
40.26%
Давор Палевски - лево крило - Пролет
25.64%
Емилијан Ѓорговски - лев бек - Еурофарм Пелистер 2
15.47%
Александар Стојаноски - голман - Тиквеш
6.16%
Ненад Костески - десно крило - Еурофарм Пелистер
5.30%
Стојанче Стоилов - пивот - Вардар
4.73%
Филип Кривокапиќ - среден бек - Охрид
2.44%
РЕЗУЛТАТИ ОД 16. КОЛО ВО СУПЕР МАШКАТА ЛИГА

СТРУГА – МЕТАЛУРГ      35:21 – ИЗВЕШТАЈ

ВАРДАР – БУТЕЛ СКОПЈЕ            36:21 – ИЗВЕШТАЈ

РАДОВИШ – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР      25:34 – ИЗВЕШТАЈ

СКОПЈЕ – ОХРИД            23:36 – ИЗВЕШТАЈ

ТИКВЕШ – ПРОЛЕТ         25:25 – ИЗВЕШТАЈ

ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 – ПРИЛЕП        34:26 – ИЗВЕШТАЈ

ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ
1МЕТАЛУРГ22701515

ИДЕАЛЕН ТИМ НА 16. КОЛО ОД СУПЕР МАШКАТА ЛИГА

ГОЛМАН: Александар  Стојаноски (Тиквеш) – Имаше одлично прво полувреме против составот на Пролет. Бранеше добро и помогна за убава предност на крајот од првиот дел.

ЛЕВО КРИЛО: Давор Палевски (Пролет) – Постигна девет гола против Тиквеш во Кавадарци, а од нив седум беа во второто полувреме кога Пролет се врати од негатива од четири гола.

ЛЕВ БЕК: Емилијан Ѓорговски (Еурофарм Пелистер 2) – Младиот ракометар на битолчани одигра одлично во победата против Прилеп и ја заврши средбата со седум гола.

СРЕДЕН БЕК: Филип Кривокапиќ (Охрид) – Тимот на Охрид забележа очекуана побда во Скопје, а организаторот на играта Кривокапиќ беше најефикасниот со осум погодоци.

ДЕСЕН БЕК: Жарко Бајрактаревиќ (Струга) – Имаше една од подобрите партии во овој дел од сезоната и со десет гола беше најефикасниот стрелец во победата против Металург.

ДЕСНО КРИЛО: Ненад Костески (Еурофарм Пелистер) – Репрезентативецот во одлична форма на крајот од есенскиот дел од сезоната. Деветпати го погоди голот на радовишани.

ПИВОТ: Стојанче Стоилов (Вардар) – Вардар ја оправда улогата фаворит против Бутел, а Стоилов имаше добра игра. Реализираше четирипати во победата од 36:21.