ИДЕАЛЕН ТИМ НА 16. КОЛО ОД СУПЕР МАШКАТА ЛИГА (АНКЕТА)

На натпреварите од 16. коло во Супер машката лига имаше поделеност кога е во прашање освојувањето на бодовите.

Домашните тимови дојдоа до три победи. На свој терен успешни беа составите на Охрид, Металург и Пролет 62. Овие три екипи се веќе и дел од плеј-оф лигата така што ова им е добра подготовка за глвните дуели сезонава.

Честа на гостите ја спасија составите на Бутел Скопје и Радовиш кои успеаја да си заминат со по три поени од двобоите со Металург 2 и Работнички. Инаку во ова коло имаше дури четири дуели меѓу екипи кои веќе имаат плеј оф и четири кои мораат во плеј-аут.

Традицијата продолжува и екипата на 24 Ракомет и годинава ќе ви овозможува во секое коло да гласате за најдобрите ракометари по коло во првиот дел од сезоната. Ние ги подготвивме најдобрите седум, а со помош на вашите гласови ќе се одбере ракометарот кој ќе биде МВП на сезоната. Ќе можете да гласате до сабота во 12 часот.

Својот глас за ракометарот за кој сметате дека бил најдобар можете да го дадете во продолжение (Доколку анкетата не ви се појави веднаш почекајте неколку секунди за да биде вчитана).

[poll id=”3″]

ИДЕАЛЕН ТИМ НА 16. КОЛО ОД СУПЕР МАШКАТА ЛИГА

ГОЛМАН: Златко Даскалоски (Бутел Скопје)

Голманот на Бутел Скопје имаше одличен настап. Бранеше добро особено во второто полувреме кога имаше период од 13 минути во кои ракометарите на Металург 2 не постигнаа гол. Тоа се случи во второто полувреме.

ЛЕВО КРИЛО: Марко Божиновски (Бутел Скопје)

Младиот ракометар на Бутел Скопје доби шанса за настап и одигра добра средба. Тој постигна четири гола, но беше меѓу оние кои одиграа добри 60 минути.

ЛЕВ БЕК: Иван Џонов (Пролет 62)

Ја почна средбата на лево крило, но потоа се префрли на бековската позиција и одигра одличен натпревар. Речиси и да немаше грешка во нападот каде беше убедливо најефикасен на средбата со десет гола.

СРЕДЕН БЕК: Ивица Илиев (Радовиш)

Уште еден одличен натпревар на најефикасниот играч на Радовиш. Ивица Илиев постигна 11 гола против Работнички и успешно го водеше својот тим кон победа на овој дуел.

ДЕСЕН БЕК: Томислав Јагуриновски (Металург)

Со оглед на тоа што металурзите кои беа во состав речиси сите добија минутажа немаше играчи кои се издвоија со поголема ефикасност. Јагуриновски овој дуел го зврши со четири гола.

ДЕСЕНО КРИЛО: Бобан Блажески (Охрид)

Против своите сограѓани од Струга одигра ефикасно. Тој беше меѓу подобрите на теренот, а натпреварот го заврши со девет погодоци.

ПИВОТ: Милан Лазаревски (Металург)

Исто како и Јагуриновски и тој беше меѓу играчите кои финишираа со по четири гола и беше меѓу поефикасните во составот на Металург.

СУПЕР МАШКА ЛИГА

РЕЗУЛТАТИ ОД 16. КОЛО

ПРОЛЕТ 62 – ВАРДАР ЈУНИОР            37:21

Џонов 10, Поповски 7, Ф. Василевски 5 – Јакимовски 6, Трпчевски 5, Карапалевски 4

МЕТАЛУРГ 2 – БУТЕЛ СКОПЈЕ          17:28

Стојановиќ 5, Кофиловски 4, Мелоски 3 – Димов 7, Ѓеорѓиевски 7, Божиновски 4

МЕТАЛУРГ – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2      34:18

Чантурија 6, Јагуриновски 4, Лазаревски 4 – Талевски 6, Петровски 5, Димитровски 2

ОХРИД – СТРУГА 31:24

Блажески 9, Ивановски 4, Ристески 4 – Кузманоски 7, Рајатоски 4, Мекиќ 3

РАБОТНИЧКИ – РАДОВИШ      29:38

Палевски 17, Михајловиќ 4, Марковски 2 – Илиев 11, Постолов 5, Органџиев 5

ТАБЕЛА: 1. Металург 44 бода (549:392); 2. Охрид 40 (455:359); 3. Бутел Скопје 37 (429:377); 4. Пролет 35 (510:412); 5. Радовиш 25 (470:470); 6. Вардар јуниор 21 (430:477); 7. Пелистер 17 (409:430); 8. Металург II 7 (437:525); 9. Струга 4 (371:488); 10. Работнички 4 (445:575).

ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ

ТОП 5

181 – Давор Палевски (Работнички)

148 – Ивица Илиев (Радовиш)

104 – Иван Џонов (Пролет 62)

93 – Бобан Блажески (Охрид)

86 – Лука Стојановиќ (Металург 2)