Традицијата продолжува и екипата на 24Ракомет и годинава ви овозможува во секое коло да гласате за најдобрите ракометари по коло во есенскиот дел од сезоната.
За разлика од лани, годинава има 16 екипи. Сезоната ќе биде долга, ќе има неизвесни битки за пласман во плеј-офот каде ќе играат осум екипи.
Дефинитивно на љубителите на ракометот нема да им недостигаат драматични и неизвесни натпревари во двете групи од суперлигашката конкуренција.
Ние ги одбравме најдобрите седум, а со помош на вашите гласови ќе се одбере ракометарот кој ќе биде МВП на колото.
Ќе можете да го дадете вашиот глас за еден од ракометарите во изборот најдоцна до понеделник на пладне, кога ќе биде познато кој ќе биде избран за најкорисен играч на колото.
РЕЗУЛТАТИ ОД 1. КОЛО ОД СУПЕР МАШКАТА ЛИГА
група А
СТРУГА – КУМАНОВО 21-20
ВАРДАР НЕГОТИНО – ВАРДАР 25-38
ПРИЛЕП – АЛКАЛОИД 30-43
БУТЕЛ СКОПЈЕ – ОХРИД 24-23
група Б
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – СКОПЈЕ 32-17
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 – ТИКВЕШ 28-23
ГОЛДЕН АРТ – ПРОЛЕТ 23-27
РАДОВИШ – ЈУНИОР КВ 22-22
ИДЕАЛЕН ТИМ НА 1. КОЛО ОД СУПЕР МАШКАТА ЛИГА
ГОЛМАН: Василије Печурица (Еурофарм Пелистер 2) – Црногорскиот голман имаше одлична партија против Тиквеш и покажа дека ќе биде големо засилување за вториот тим на битолчани.
ЛЕВО КРИЛО: Мирко Мајиќ (Бутел Скопје) – Каде што застана минатата сезона, таму продолжи на стартот од новата. Црногорското лево крило беше меѓу најдбрите поединци во триумфот над Охрид.
ЛЕВ БЕК: Здравко Постолов (Радовиш) – Левиот бек имаше главна улога во нападот на домашните на натпреварот со Јуниор КВ и големи заслуги за бодот на стартот на новата сезона.
СРЕДЕН БЕК: Димитар Ѓорѓиевски (Бутел Скопје) – Одличната форма на стартот на сезоната средниот бек ја демонстрираше и на дуелот со Охрид, каде беше меѓу најдобрите стрелци.
ДЕСЕН БЕК: Куни Моралес (Вардар) – Кубанскиот десен бек покажа дека и оваа сезона ќе биде меѓу носителите на играта на шампионот и беше најдобар стрелец во победата над неготинци.
ДЕСНО КРИЛО: Ненад Костески (Еурофарм Пелистер) – Десното крило на битолчани имаше добра партија на стартниот натпревар од Суперлигата против Скопје.
ПИВОТ: Филип Арсеновски (Еурофарм Пелистер 2) – Кружниот напаѓач беше меѓу најдобрите поединци на теренот во редовите на битолскиот тим кој славеше против Тиквеш.