ИДЕАЛЕН ТИМ НА 1. КОЛО ОД СУПЕР МАШКАТА ЛИГА (АНКЕТА)

На средбите од 1. коло во Супер машката лига ракометарите се загреваа за есенската полусезона која ќе трае скратено. Беа одиграни по три средби во групите А и Б, а оние кои покажаа најмногу се најдоа во најдобрата седумка.

Сезоната се игра по нов распоред односно секој петок и понеделник поради коронавирусот така што ќе има згуснат календар и натпревари кои сигурно ќе донесат многу возбудувања.

Традицијата продолжува и екипата на 24 Ракомет и годинава ќе ви овозможува во секое коло да гласате за најдобрите ракометари по коло во првиот дел од сезоната.

Ние ги подготвивме најдобрите седум, а со помош на вашите гласови ќе се одбере ракометарот кој ќе биде МВП на колото. Ќе можете да гласате до понеделник до 14 часот.

Својот глас за ракометарот за кој сметате дека бил најдобар можете да го дадете во продолжение.

ГЛАСАЈТЕ ЗА НАЈКОРИСНИОТ РАКОМЕТАР НА ПРВО КОЛО ОД МАШКА СУПЕРЛИГА

Златко Хорват, десно крило, Металург
23.74%, 118 од 497 гласа
Мите Караиванов, лев бек, Астраион
20.93%, 104 од 497 гласа
Филип Кривокапиќ, среден бек, Охрид
18.71%, 93 од 497 гласа
Бранко Канкараш, пивот, Металург
11.87%, 59 од 497 гласа
Петар Ангелов, голман, Пролет 62
9.46%, 47 од 497 гласа
Мирко Мајиќ, лево крило, Бутел
8.45%, 42 од 497 гласа
Никола Роглев, десен бек, Младост
6.84%, 34 од 497 гласа