Играше за Металург, сега му стана соиграч на Темелков во Керженг

Искусниот словенечки интернационалец Миха Пучник ќе има нов предизвик во кариерата следната сезона.

Средниот бек ќе му стане соиграч на македонското десно крило Владимир Темелков во тимот на Керженг од Луксембург.

35-годишниот Словенец во татковината играше за Горење Велење и Марибор Браник, а потоа три сезони беше член на белгискиот Бохолт.

Потоа дојде во Металург со кој освои и трофеј во Купот на Македонија, па замина во тимот на Еш во Луксембург.

Таму мина четири сезони и сега се реши за нов предизвик.