Играше за Кил, Монпелје, Нант…а сега се сели во Јапонија

Поранешниот француски репрезентативец Игор Аниќ, во новата сезона ќе има нов предизвик во кариерата.

Кружниот напаѓач потпиша договор со јапонскиот Даидо Стел и за првпат ќе игра надвор од европскиот континент.

Родениот Мостарец со француски пасош, играше за Монпелје, Кил, Гумерсбах, Сесон Рен, Целје, Нант и Саран.

Со националниот тим има освоено две злата на ЕП во Данска во 2014 година и на СП во Катар 2015 година.