Играше за Вардар, Фленсбург, Ла Риоха…сега се пресели на Кипар

Словенечкиот интернационалец Домен Сикошек Пелко во новата сезона ќе ги брани боите на кипарскиот тим Анортозис Фамагуста.

Кружниот напаѓач кој беше дел од два некогашни европски шампиони Вардар и Фленсбург, сега одбра да игра за кипарскиот првак.

25-годишниот Сикошек Пелко последната сезона ја мина во швајцарскиот Криенс Луцерн, но таму дојде Марин Шипиќ и договорот не му беше продолжен.

Покрај за Вардар и Фленсбург, словенечкиот пивот играше на кратко и за шпанската Ла Риоха и францускиот Трембле, како и за Тримо Требње.