Игор Вори дебитираше за Фуксе Берлин: Баш ме интересира како моето тело ќе реагира…

После четири години Игор Вори го одигра првиот натпревар и тоа во најсилната лига во светот.

Поранешниот хрватски репрезентативец, па тренер на ППД Загреб, а сега спортски директор во хрватската репрезентација дебтирaше за Фуксе Берлин на 42 години.

„Лисиците“ на домашен терен славеа против незгодниот Лемго со 29:24, Вори во игра влезе во 22. минута. Не постигна гол, доби едно исклучување. По натпреварот Вори истакна дека и него самиот го интересира како телото ќе му функционира.

„Уморен сум, но беше неверојатно. Многу сум горд што повторно после долга пауза заигра во Бундеслигата, најсилната лига во светот. Баш ме интересира како моето тело ќе реагира. Се надевам тоа ќе функционира во наредните три месеци и ќе ја оствариме целата“, изјави Вори.