Иван Марковски заврши со „печалбата“ во Катар – можно враќање во Македонија

Поранешниот македонски репрезентативец Иван Марковски кој беше тренер и во екипите на Еурофарм Работник и Металург, го заврши краткиот престој во Катар каде од јануари беше дел од тимот на Катар Спортклуб. Сега заршувајќи го договорот со тимот пред Маркоски е нов предвизвик – да се врати во Македонија, или да продолжи со некој нов интернационален преизвик.

„И двете опции се во игра. Можно е и да бидам во некој клуб во Македонија. Мислам дека после Металург и не добив вистинска шанса, и сигурно дека ако имам можност и прилика би работел во македонскиот ракомет, вели Иван Марковски. „Во Катар не напредував како тренер, и европскиот ракомет е мој приоритет.

По заминувањето од Македонија, првата дестинација на Марковски беше Кина, а потоа Катар каде беше дел од Катар Спорт Клуб.

„Договорот беше да останам 4 месеци, и тоа требаше д абид епериод кога требаше да видиме дали ќе се адаптираме еднина други. Јас го одработев своето. Имав големи очекувања, но наидов на средина која за мене еше специфична, имавме различни амбиции и размислувања. Ја имав подршката о дклубот, но закратко период не можевме многу да направиме во една реално силна конкуренција. Го презедов клубот како 8. и на таа позиција завршивме на карјот од сезоната, вели Марковски.

Претходно Иван дел од проект на кинеската ракометна федерација, и само поради одалеченоста од семејството мораше предвреме да се врати дома.

„Кина беше мо еодлично тренерско искуство и секако животно. Тоа беше проект на кинеската ракометна федерација, но после 6 месеци адаптација, период што беше успешен за двете страни заминав пред се поради семејни причини. Далечината го прави своето, а и начинот на живот во Кина. Затоа се вратив порано, вели Марковски.

Некогашниот македонски репрезентативец ја започна тренерската кариера во тогашниот ХЈС Работник, беше предводник на женската екипа на Самбр Авенуа од Франција, пред да се врати во Македонија и да работи во Металург.
Во играчката кариера Марковски ги носеше дресовите на Вардар, Пелистер и Металург, а во странство играше за Загреб, Oсијек, Метковиќ, Трст, КАИ Арагон…