Иван Марковски е нов тренер на Металург

Тимот на Металург од денеска има нов тренер. Тоа е поранешниот македонски репрезентативец Иван Марковски, кој ќе седи на жешката клупа во Автокоманда во следните две и пол години.

По заминувањето на Оливер Димитриоски, тимот го водеше Владимир Глигоров, но тој се враќа во Металург РА, кој игра во Првата лига.

Марковски ја започна тренерската кариера во некогашниот ХЈС Работник, а потоа беше дел од женскиот француски клуб Ле Самбр Авенуа. По завршувањето на тој ангажман се врати во Македонија и очекува во јуни да ја добие Мастер Коуч лиценцата.

Легендарното десно крило потекнува од Пелистер, во Македонија играше за Вардар и Металург, а во странство за шпанскиот Арагон, Ал Шабаш од Саудиска Арабија, хрватските Метковиќ и Загреб, како и италијанскиот Џенерали.

Металург по две одиграни кола од суперлигашкиот плеј-оф нема победа, откако во првото коло загуби од Пролет, а во второто одигра само реми против Струга.