Зорица Десподовска номинирана за играч на колото во Полска (ФОТО)

Македонската интернациоиналка Зорица Десподовска која настапува во првенството на Полска во екипата Кобиержице имаше одлично издание во победата на својот тим во последното коло.

Кобиержице триумфираше на гостувањето кај Козалин со 29:28, а најзаслужна за победата беше токму Десподовска со шест погодоци. Потврда за незјината добра игра е и номинацијата за играч на колото.

Конкурентки на Десподовска во изборот за играч на колото се Магда Балсам од Јарослав и Јоана Саравага од Лублин. Тимот на нашате претставничка се наоѓа на третата позиција на табелата зад Заглебие и Лублин.

За Десподовска можете да гласате на следниот ЛИНК