Зоран Рогановиќ останува селектор на Црна Гора

Зоран Рогановиќ ќе продолжи да ја води селекцијата на Црна Гора и во следниот период, откако на ЕП во Унгарија и Словачка го оствари најголемиот успех.

Тоа го најави претседателот на РСЦГ, Петар Каписода во интервју за „Побједа“, но тоа треба да го официјализира Управниот Одбор на федерацијата.

„Можам да најавам дека веќе оваа недела ќе предложам на Управен Одбор продолжување на договорот со селекторот Зоран Рогановиќ. Мислам дека после се што покажа како селектор во овие три години, однос кон обврските и пред се остварените резултати, заслужи доверба со оваа екипа да го продолжи континуитетот учества на големите натпреварувања. Тоа ќе биде целта за оваа година“, изјави Каписода.

Црна Гора ќе се соочи со победникот од двобојот меѓу Босна и Херцеговина и Грција во вториот бараж за Светското првенство 2023 година.