„Златните“ кадети на прием кај раководството, РФМ вети премија од 700.000 денари

Машката кадетска репрезентација на Македонија го освои ЕХФ шампионатот во Летонија, откако во финалето славеше против Швајцарија со 24-22.

По враќањето од балтичката земја, сите ракометари и стручниот штаб беа на прием кај раководството на РФМ.

Претседателот Живко Мукаетов и неговите соработници, ги поздравија сите и им честитаа за постигнатиот успех.

Сите што беа дел од големиот успех ќе ја поделат премијата од 700.000 денари, но оваа одлука треба да биде верификувана од УО на РФМ,

Кадетите со триумфот во финалето обезбедија место на младинското ЕП 2024 година и на кадетското СП 2023 година.