Златко Везенковски не е повеќе ракометар на Радовиш

Средниот бек Златко Везенковски не е повеќе ракометар на Радовиш, иако имаше договор до крајот на оваа сезона.

Ресенчанецот имаше проблем со повреда на коленото и воопшто не заигра за тимот во регуларниот дел од Суперлигата.

Договорот е раскинат спогодбено, но радовишани на таа позиција го имаат искусниот Ивица Илиев, најдобриот стрелец на тимот.

Везенковски е во потрага на нов клуб и наскоро ќе дознаеме каде ќе ја продолжи кариерата.

Искусниот плејмејкер претходно беше член на Зомимак, Охрид и Пелистер.