„За успех треба континуитет, Кире е најреална опција“

Репрезентативното крило, Дејан Манасков смета дека во изминативе години многу промени се случија и на клупата на машкиот национален тим на Македонија. Честата промена на селектори исто така си има свое влијание во осцилациите.

„Знаевме дека ќе дојде Кире, сите чекавме, тој е најреална опција, а и мислам дека многу промени ни се случуваа на селекторска позиција. Обврван беше единствен што се задржа подолго, потоа Лино година дена, па Раул две години, па Данило, пак, година дена, а ако сакаме систем и некој успех треба да има континуитет. Затоа мислам дека Кире е добра опција и сега работите се добро поставени. Очекувам набрзо покрај Кире и други промени. Столе е при крај со репрезентативна кариера, Џомба – може ќе одигра уште некоја година и ќе биде уште потешко во иднина, но ќе видиме“, заклучува Манасков.

Комплетното интервју со Дејан Манасков за 24Ракомет може да го прочитате во продолжение.

ИНТЕРВЈУ ДЕЈАН МАНАСКОВ: Порано постоеше ред, сега многу лесно се станува репрезентативец