За него години се само бројка: Лазаров тргна како лидер на стрелците

Капитенот на репрезентацијата на Македонија, Кирил Лазаров и во новите квалификации за Европското првенство во 2022 година ги покажува своите квалитет.

Иако е веќе во петтата деценија од животот тој докажува дека уште може да се носи со помладите и дека за него годините се само бројка.

На дуелот против Финска, Лазаров постигна 11 гола со кои беше прв стрелец на средбата. Со овие 11 погодоци тој е на врвот на листата после некомплетното прво коло бидејќи дел од репрезентациите не ги одиграа своите натпревари од 1. коло од квалификациите.

Има уште тројца ракометари кои имаа двоцифрен број на голови, а меѓу нив е и бекот на Финците, Гранлунд кој задаваше доста грижи за одбраната на Македонија.

Викендов следуваат уште средбите од 2. коло, па после нив и листата сигурно ќе има сосема поинаков изглед.

КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП 2022

ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ

11 – Лазаров (Македонија)

10 – Грандлунд (Финска)

10 – Том (Естонија)

10 – Шмид (Швајцарија)

9 – Грбовиќ (Црна Гора)

9 – Померанц (Израел)

9 – Ване (Шведска)

9 – Лауге Шмит (Данска)

9 – Смитс (Холандија)