„За македонскиот ракомет е добро да има тренери со различни мислења“

Актуелниот тренер на Тиквеш, претходно предводник и на Охрид, Горан Андоновски и како тренер и како играч никогаш не го криел своето мислење. Тоа не му беше проблем јавно да го искаже во периодот кога Данило Брестовац беше селектор на машките национални тимови.

Од тогаш остана запаметено јавното препукување, меѓу Андоновски и Брестовац, кои интересно, беа соиграчи во редовите на Вардар.

„Со Брестовац сме соиграчи од Вардар и сме во добри односи, а критиката упатена во тој момент беше одраз на големо незадоволство не само мое, туку на целосната охридска ракометна јавност. Тоа е периодот кога РК Охрид и во сениорска и во младинска конкуренција имаше најголеми успеси. Со пионерите завршивме како трети во првенството, а младинците играа финале и загубија од еден силен Металург во кој тогаш настапуваа Серафимот, Кондев… Во младинска категорија го имавме Мартин Ивановски како најдобар среден бек, Димитриоски – најдобар пикер и Наум Костов, кој беше најдобар стрелец, а ниту еден играч од Охрид не беше земен во тимот, ниту во кадетска, ниту во младинска репрезентација. Мојата реакција се однесуваше на ваквата одлука. Јас сум пријател со Брестовац, но за ракометот немаме имаме исто мислење. Тоа е добро и нормално. Различното мислење не треба да биде проблем, затоа што само така македонскиот ракомет ќе оди напред.“

Целосното интервју со Горан Андоновски погледнете го во продолжение…

ИНТЕРВЈУ ГОРАН АНДОНОВСКИ: Тиквеш ја врати ракометната традиција во Кавадарци, сега цели кон Европа!