„За Келце нема ништо невозможно – два пати ја победивме Барса, зошто да не можеме и ПСЖ?“

Полскиот првак Келце направи голем исчекор кон првото место на табелата во групата Б од Лигата на шампионите.

Келце два пати по ред ја совлада Барса, но сега го чека уште еден тежок испит – гостување кај ПСЖ, кој во Полска загуби убедливо.

Левото крило Дилан Наи, кој токму од ПСЖ дојде во Келце, вели дека неговиот тим може до нов триумф.

„Секако дека ова ќе биде важен меч за мене. Сакам да играм против ПСЖ и да победам. Кога играш против поранешен клуб, секогаш сакаш да го дадеш најдоброто. Јас сум силно мотивиран и не чувствувам посебен притисок. За нас нема ништо невозможно. Два пати по ред ја победивме Барса, а зошто да не можеме да славиме и во Париз? Знам дека ПСЖ игра одлично, го знам и стилот на ракометарите. Но и тие мене ме знаат одлично. Во едно сум сигурен, не очекува одличен натпревар“, вели Наи.

Наптреварот меѓу ПСЖ и Келце се игра утревечер со почеток во 20:45 часот.