За вечните песимисти: Само теорија може да ја исфрли Македонија од ЕУРО 2024

Откако заврши петтото коло во квалификациите за Европското првенство кое ќе се одржи во Германија овој јануари, работите стануваат појасни кога во прашање е распределба на земјите учеснички на континенталниот собир.

Токму во пресрет на последното коло и конечната листа учесници, вечните песимисти  ги состават сите хазардни сценарија кои би можеле да бидат кобни за Македонија.

Шестото коло ќе расчисти многу дилеми и потврди точно кои учесници ќе ги видиме во Германија во јануари 2024. Во пресрет на последното коло Македонија е на втората позиција во групата 1 со 6 бодови, зад Португалија која има 10, а пред Турција со 4 и Луксембург со 0 бодови.

Единственото непосакувано сценарио е Македонија да загуби со повеќе од 9 голови разлика од Турција во Скопје. Тогаш нашата репрезентација би завршила како третопласирана и сите ќе ги активираме калкулаторите и нервозно ќе ги следиме натпреварите во другите групи. Во секое друго сценарио Македонија како второпласирана е на Европското првенство во Германија.

Дури и ако е третопласирана Македонија има големи шанси да се најде во горната половина од друштвото третопласирани репрезентации од сите групи. А тоа место повторно води до јанурскиот континентален собир.

Што доколку Македонија загуби со 10 и повеќе голови разлика од Турција?

На Европското првенство 2024 ќе се пласираат првите две селекции од секоја група, како и четирите најдобро рангирани селекции од третопласираните репрезентации по групи. Ранкингот се прави според бодовите кои ги заработиле третопласираните селекции против подоброрангираните репрезентации од групата, а потоа и по гол разликата.

Во табелата на третопласираните екипи Македонија ќе има 2 бода и гол разлика од најмалку -12 (зависи од дуелот со Турција). Во оваа консталација Македонија би била на третото место зад Фарските острови и Грција, место кое води кон ЕУРО2024, а зад неа ќе биде БиХ со ист број бодови но и полоша гол разлика.

# Гр. Селекција Од. П Р З ПоГ ПрГ ГР Б. Пласман
1 4 Фарски Острови 3 1 0 2 73 81 −8 2 ПЛАСМАН НА ЕУРО2024
2 5  Грција 3 1 0 2 83 92 −9 2
3 7 Босна и Херцеговина 3 1 0 2 72 90 −18 2
4 8 Италија 3 0 0 3 81 101 −20 0
5 3 Естонија 3 0 0 3 78 100 −22 0 КВАЛИФИКАЦИСКА ФАЗА 2 ЕУРО2026
6 6 Грузија 3 0 0 3 66 91 −25 0
7 1 Турција 3 0 0 3 89 117 −28 0
8 2  Словачка 3 0 0 3 70 98 −28 0

 

Сепак местата на оваа табела ќе се менуваат во последното коло. Словачка, Естонија, Грузија и Италија немаат шанса во борба за второ место на табелата во својата група, но затоа Италија игра со Франција која сигурно е пласирана на првата позиција, а во минатото Франција била позната по чудни резултати кога не им се потребни бодови, затоа Италија би можела да ја заврши квалификациската фаза и со два бода, но за подобрување на гол разликата ќе треба сериозно да се помачи и да победи со осум голови. Во последното коло шанса да заработат два бода имаат и останатите репрезентации. Естонија и Израел имаат шанса да ги заработат првите бодови на табелата на третопасирани ако ги совладаат Чешка или Исланд. Израел е со огромен минус кога во прашање е гол-разликата, Естонија пак ќе мора да го совлада Исланд со најмалку осум голови. Во група 4 каде се Австрија, Романија, Украина и Фарски острови ситуацијата е најкомплицирана, тука сите екипи се уште имаат свои шанси за директен пласман, а ќе пресуди гол разликата. Австрија е првопласирана и многу веројатно ќе ја задржи позицијата по дуелот со Фарски острови, а Романија и Украина во меѓусебен дуел сами ќе одлучуваат за својата судбина. Но многу е веројатно дека третопласираната екипа од оваа група ќе обезбеди пласман на ЕУРО2024. Во групата 5 Грција има шанса да дојде до втората позиција ако направи изненадување во Холандија, во секој случај без разлика дали Холандија или Грција завршат на трета позиција во групата ќе се пласираат на завршницата во Германија. Во групата 6 Грузија или Литванија немаат шанси за пласман на Европското првенство иако имаат опции да зарабтотат по два бода, но гол разликата не им оди во прилог. Во група 7 Црна Гора и Босна и Херцеговина во директен дуел ќе одлучуваат за втората односно третата позиција. Третопласираната екипа од оваа група исто така речиси е пласирана на Европското првенство бидејќи покрај бодовите двете екипи имаат и поволна гол-разлика.

За Македонија да се најде на континеталниот собир според најцрното сценарио, единствен лош распоред на настаните би била победа на Италија над Франција од осум голови разлика. Во секое друго сценарио Македонија е на Европско првенство.

Заедно со Македонија ќе се пласираат Грција, Фарски острови (Романија,Украина), Босна и Херцеговина (Црна Гора). Во случај Македонија да си ја заврши својата работа и да не зависи од останатите екипи, тогаш нејзиното место би го заземала некоја од останатите репрезентации со 0 бодови, тука најдобра гол разлика за сега има Италија. Во случај на реми меѓу Македонија и Турција, Македонија останува на второ место, а Турција влегува меѓу четирите репрезентации кои би биле најдобро рангирани третопласирани селекции со билет за ЕУРО2024.

Македонија како гостин ја совлада Турција во квалификациите за ЕУРО2024. Сега пред домашна публика против Турција треба да се чекира билетот и да го прослави пласманот на Европското првенство.

Настрана теорија, калкулации и песимизам, за сите оние кои ја гледаат чашата полу полна, шансите да не одиграме ново првенство се помали од добивка „седмица“ на лото. Но најслатко е да прославиме со уште една победа, да ги фрлиме калкулаторите и сите заедно започнеме подготовки за Германија, некој на терен,а  некој на трибини.