За вардарци немаше место меѓу најдобрите голови и одбрани во ЛШ (ВИДЕО)

Последните натпревари во Лигата на шампионите одиграни минатиот викенд донесоа нови интересни погодоци, но и убави одбрани.

Сепак, во ова коло немаше место за играчите на Вардар кои претрпеа пораз на гостувањето кај Порто со 22:30 иако имаа добар натпревар особено во првото полувреме.

Од најдобрите голови во 13. коло од Лигата на шампионите во ТОП 5 место имаше за следните ракометари.

НАЈДОБРИ ГОЛОВИ, ТОП 5      

5. Михал Дачек (Висла Плоцк)

4. Арцем Каралек (Келце)

3. Јака Малус (Мешков Брест)

2. Диего Симонет (Монпелје)

  1. Дмирто Дорошчук (Мешков брест)

Овие погодоци можете да ги погледнете на следниот ЛИНК.

Меѓу голманите кои имаа најдобри одбрани, пак се најдоа.

НАЈДОБРИ ОДБРАНИ, ТОП 5

5. Арпад Штербик (Веспрем)

4. Иван Мацкевич (Мешков Брест)

3. Матевж Скок (Спортинг)

2. Бењамин Буриќ (Флензбург)

  1. Саед Хејдарирад (Динамо Букурешт)

Одбраните можете да ги погледнете на следниот ЛИНК.