Зарабец во Вардар – тоа е завршена приказна!

Еден од ракометарите за кои беше заинтересиран тимот на Вардар беше словенечкиот плејмејкер Миха Зарабец.

Сепак тренерот Стевче Алушовски потврди дека нема таа приказна е завршена и дека средниот бек останува во Кил.

„Зарабец има актуелен договор со Кил и не сакаше да го раскине и да биде член на Вардар. Тој е завршена приказна“, вели Алушовски.

Вардар на плејмејкерската позиција во новата сезона ќе смета на Ловро Јотиќ и Анте Гаџа.