Загреб третпат подобар од Нексе, го освои и Купот на Хрватска

Во финалето од Купот на Хрватска се сретнаа најголемите конкуренти во изминатите неколку години ППД Загреб и Нексе. Поуспешна на крајот беше екипата на ППД Загреб предводена од Ивица Обрван која славеше со 26:21 и го освои пехарот.

Натпреварот започна многу израмнето и најчесто беше нерешено во првите десетина минути. За првпат Нексе поведе со два гола во 14. минута кога беше 8:6, но Загреб не дозволи пртивникот да се одлепи и брзо израмни.

И наредните минути дуелот продолжи во ист ритам без значајни промени во резултатот. Првиот кризен период го имаше екипата на Нексе која од 19. минута во наредните седум минути остана без погодок што Загреб го искористи и поведе со 14:11. Сепак до полувремето Нексе успеа да намали и замина со минус еден на одмор 14:15.

Второто полувреме не донесе незивесност и возбудуваања, Загреб многу брзо стигна до највисоки четири гола, во 38. минута беше 19:15. До крајот на дуелот рутински ја сочуваа предноста и одиграа доволно за сигурен тирумф. Со овојувањето на Купот на Хрватска, ППД Загреб уште еднаш ја потврди доминацијата во хрватскиот ракомети и стигна до двојната круна.

Најефикасни во екипата на Загреб во финалето беа Лука Мраковчиќ и Алекс Влах со по седум погодоци, а Давид Мандиќ постигна шест гола. Во составот на Нексе Халил Јагањац беше прв стрелец со четири гола. Голманот Морено Цар имаше 14 интервенции но и тоа не помогна Нексе да стигне до победата.