Загреб продолжи со Гојун и Кос, договори и црногорски пивот

Хрватскиот првак Загреб продолжува со формирањето на играчкиот ростер за следната сезона.

Откако ја продолжи соработката со Тимур Дибиров, раководството на „плинарите“ истото го направи и со одличниот дефанзивец Јаков Гојун, кој потпиша договор до 2025 година.

Соработката ја продолжи и српскиот репрзентативец Милош Кос, кој треба да остане во хрватската престолнина до 2026 година.

Најново засилување за тимот е црногорскиот пивот Миодраг Ќорсовиќ, кој доаѓа од Тримо Требње и потпиша договор на две сезони.

Претходно Загреб ги потврди Куни Моралес од Вардар, Анте Грбавац од Куенка и Матиц Сухолежник од Целје, додека се очекува да биде реализиран и трансферот на Александар Шкурински од Нант.

Од Загреб заминуваат голманот Дино Славиќ, пивотите Жељко Муса и Никола Граховац, како и десниот бек Чаба Лејметер.