Загреб даде силен отпор, но Монпелје не дозволи изненадување

Ракометарите на Монпелје остварија уште една победа во Лигата на шампионите откако на домашен терен потешко од очекувањата го совладаа тимот на Загреб со 24:23.

Во 21. минута Монпелје го имаше највисокото водство од четири гола во првото полувреме, а до крај на првиот дел Загреб успеа да ја преполови негативата. После 30 минути резултатот беше 14:12.

Валиниус и Вилеминот во продолжение на мечот се погрижија за Монпелје одново да има четири предност. Домашните сигурно одржуваа три или четири позитива и долго време сите напади на Загреб лесно ги одбиваа.

Дури во 56. минута Чупиќ и Вистороп се погрижија Загреб да стигне на минус еден кога беше 22:21. После тајм-аутот на тренерот на Монпелје, Валиниус погоди и ги скрши сите надежите на Загреб дека можат да избегнат пораз. До крај гостите само го ублажија поразот.

Најефикасен во составот на Загреб беше Иван Чупиќ, а четири постигна Давор Чавор. Марин Шего со 12 интервенции беше одличен на голот на Монпелје, додека Валиниус беше прв стрелец со пет погодоци.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ – ГРУПА А

ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ.
1КИЛ14102222
2АЛБОРГ1483319
3ПСЖ ХЕНДБОЛ1481517
4КЕЛЦЕ1464416
5ППД ЗАГРЕБ1462614
6ПИК СЕГЕД1461713
7КОЛСТАД1451811
8ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР1400140