Заврши сезоната за Данецот од Веспрем, ќе го нема на Ф4, но и против Македонија во март

Екипата на Веспрем остана без многу важен ракометар на неполн месец до Ф4 турнирот во Келн за ланската сезона од Лигата на шампионите.

Се повреди репрезентативецот на Данска, Расмус Лауге Шмит, а прегледите покажаа дека се работи за сериозна пореда поради која ќе мора да биде надвор од терените најмалку во следните шест месеци.

Лауге Шмит го има повредено коленото односно предните вкрстени лигаменти, а тоа се случи на средбата на Веспрем против Кил во Лигата на шампионите.

Ова значи дека Данецот нема да може да игра на Ф4 турнирот во Лигата на шампионите, а нема да биде ниту на Светското првенство во Египет. На тој начин покрај Веспрем, ослабена  е и репрезентацијата на Данска во следниот период.

Тоа значи дека Лауге Шмит нема да биде во комбинација ниту за натпреварите против Македонија од квалификациите за ЕП 2022.