Заврши сезоната во ЛШ, се посвети на медицината и битката со корона

Сè поголем е бројот на ракометари и ракометарки кои се вклучуваат во битката со коронавирусот како медицински персонал или во дел од органите за безбедност на своите земји. Една од ракометарките коишто работи како медицинска сестра за време на пандемијата со коронавирусот е Норвежанкта Малин Ауне.

Ракометарката која со тимот на Кристијансанд игра во Лигата на шампионите се посвети на борбата со корона и им помага на заболените.

„Сфатив дека поради коронавирусот медицинските установи можеби немаат доволно персонал и дека таму ќе бидат потребни дополнителни работни раце. Сè уште немам медицинска диплома, и сум на студии. Не бев сигурна дека ќе ме примат, но напишав писмо и изразив желба да помогнам и добив зелено светло“, вели Ауне.

Таа е од голема помош во моментов, а со оглед на тоа што екипата на Кристијансанд отпадна од Лигата на шампионите може привремено повеќе да се посвети на медицината во исчекување на следната сезона.