Житников останува во Висла Плоцк и во следната сезона!

Полскиот вицепрвак Висла Плоцк, кој во оваа сезона настапува во Лигата на шампионите, го продолжи договорот со репрезентативецот на Русија, Дмитри Житников.

Раководството на Висла Плоцк ја активираше опцијата во договорот за плус уште една сезона, па така искусниот ракометар ќе продолжи да го носи дресот полскиот тим.

Средниот бек својата интернационална кариера ја стартуваше токму во екипата на Висла Плоцк. Житников во текот на 2015 година од Чеховски Медведи се пресели во редовите на амбициозниот тим од Плоцк.

Русинот со неговите одлични партии веднаш стана посакуван во голем број европски клубови. Пред да се врати во Висла Плоцк каде што настапува во последните две години, четири сезони мина во редовите на унгарскиот шампион ПИК Сегед.