Жил го објави поширокиот список на Франција за ОИ, се враќа Никола Карабатиќ

Откако заврши сезоната и завршниот турнир во Келн, селекторот на репрезентацијата на Франција, Гијом Жил го објави поширокиот список на ракометари на кои ќе смета за Олимписките игри во Токио.

Французите подготовките ќе ги започнат на 23 јуни, а во составот нема поголеми изненадувања со тоа што Франција ќе биде посилна за Никола Карабатиќ кој се опорави од повредата.

Првата фаза од подготовките ќе трае 14 дена, а повикани се 21 ракометар. После двонеделните подготовки на 5 јули ќе биде познат конечниот список од 14 играчи и три резерви кои ќе патуваат во Токио.

Французите ќе одиграат и неколку пријателски натпревари, првиот е со Египет на 5 јули во Франција, додека вториот ќе биде против Јапонија откако ќе отпатуваат на финални подготовки во земјата каде што ќе се тестираат и со Данска. Првиот натпревар на Франција на Олимпискит игри е против Аргентина на 24 јули.

ПОШИРОК СПИСОК НА ФРАНЦИЈА

ГОЛМАНИ: РЕМИ ДЕСБОНЕ (НИМ), ЈАН ЖАНТИ (ПСЖ), ВИНСЕН ЖЕРАР (ПСЖ)
ЛЕВИ КРИЛА: УГО ДЕСКА (МОНПЕЛЈЕ), МИШЕЛ ГИГУ (НИМ), ДИЛАН НАХИ (ПСЖ)
ЛЕВИ БЕКОВИ: ЖАН-ЖАК АКЕВИЛО (НИМ), РОМАН ЛАГАРД (РАЈН НЕКАР), ТИМОТИ НГЕСАН (БАРСЕЛОНА), ЕЛОХИМ ПРАНДИ (ПСЖ)
СРЕДНИ БЕКОВИ: НИКОЛА КАРАБАТИЌ (ПСЖ), КЕНТАН МАЕ (ВЕСПРЕМ), НЕДИМ РЕМИЛИ (ПСЖ)
ДЕСНИ БЕКОВИ: МЕЛВИН РИЧАРДСОН (МОНПЕЛЈЕ), ДИКА МЕМ (БАРСЕЛОНА)
ПИКЕРИ: ЛУДОВИК ФАБРЕГАС (БАРСЕЛОНА), ЛУКА КАРАБАТИЌ (ПСЖ), НИКОЛА ТУРНА (КЕЛЦЕ)
ДЕСНИ КРИЛА: ЛУК АБАЛО (ЕЛВЕРУМ), ВАЛЕНТИН ПОРТ (МОНПЕЛЈЕ), ЈАНИС ЛЕН (МОНПЕЛЈЕ).