Женскиот Мундијал е на прагот – учесниците се тестираат меѓусебе

Во пресерет на Светското првенство во Јапонија многу репрезентации ги прават последните подготовки и играат подготвителни натпревари. Додека нашата женска селекција игра против Турција, Косово и Италија, оние од првиот ешалон се веќе на азискиот континент.

Репрезентациите на Унгарија, Русија и Франција, екипи кои сигурно се едни од кандидатите за медал на Светското првенство за жени во Јапонија остварија победи на контролните натпревари во пресрет на почетоток на Мундијалот.

Франција во натпревар против домаќинот Јапонија забележа победа од 28:23, а Русија и нанесе тешок пораз на Србија пред стартот на првенството со 43:25. Унгарија против уште еден учесник од Азија, селекцијата на Јужна Кореја триумфираше со 31:25.

Противникот на женската репрезентација на Македонија во понеделник, селекцијата на Косово беше подобра од Италија со 31:26. За одбележување е дуелот помеѓу Словенија и Бразил, селекции кои имаат обезбедено пласман на СП, во кој како победници излегоа Словенките со 33:29.

Пријателски натпревари, резултати:

Турција Б – Македонија 19:37 (8:22)
Јужна Кореја – Унгарија 25:31 (13:14)
Јапонија – Франција 23:28 (11:15)
Швајцарија – Полска Б 22:25 (13:12)
Чешка – Австрија 24:26 (11:10)
Турција – Македонија 42:33 (22:17)
Литванија – Белорусија 23:36 (8:22)
Полска – Украина 30:17 (16:8)
Косово – Италија 31:26
Србија – Русија 25:43 (11:21)
Словенија – Бразил 33:29 (15:16)