Женска лига: Дербито се игра во Куманово, паѓа одговор за првата позиција

Екипите кои досега се на максимум и имаат по 27 поени во Женската лига, Металург и Куманово вечерва ќе играат дерби во рамки на 11. коло и ова ќе биде натпревар на кој ќе падне одговор околу тоа кој тим ќе го има првото место на табелата.

Кумановки денеска би требале да имаат мала предност поради тоа што играат на домашен терен, но останува да се види дали ќе биде така и на теренот. Металург доаѓа во Куманово како актуелен првак, а ова практично ќе биде и пресметка меѓу екипите кои се освојувачи на титулите од минатата сезона.

Металург е шампион, а Куманово освојувач на титулата и тука сигурно ќе има убав ракомет. Сепак, нијанси се во прашање и нијанси ќе одлучуваат кој тим ќе биде во предност после овој дуел односно кој состав ќе може да се надева на првата позиција после 11. коло.

Со оглед на тоа што другите тимови досега не успеаја да ги загрозат и да им зададат проблеми на овој и на дуелот во Автокоманда напролет ќе се бара и новиот шампион.

ЖЕНСКА ЛИГА

ДВОЈКИ ЗА 11. КОЛО

ЃОРЧЕ ПЕТРОВ – РК АЛУШОВСКИ          34:26

Цветановска 10, Донева 8, Петровска 8 – Велигденова 6, Георгиевска 6, Ангелковска 4

КУЗМАН ВАРДАР ИЛИНДЕН – ГЕВГЕЛИЈА

Сала: Гоце Делчев (Илинден) во Скопје. Судии: Лејла Јашар и Михаела Капсарева од Скопје. Делегат: Ерик Белимов од Скопје.

САБОТА, 16 НОЕМВРИ

17:30ч

ВАРДАР – ОВЧЕ ПОЛЕ СУ

Сала: СЦ „Јане Сандански“ (мала сала) во Скопје. Судии: Никола Пауновски и Оливер Спировски од од Струга. Делегат: Владимир Саздовски од Скопје.

18:30ч

КУМАНОВО – МЕТАЛУРГ

Сала: ОУ „Перо Наков“ во Куманово. Судии: Ѓорѓи Начевски и Славе Николов од Скопје. Делегат: Русе Наумовски од Скопје.

20:00ч

ЧАИР – СПАРТАК

Сала: ОУ „7 Март“ во Скопје. Судии: Адриана Здравковска и Сања Божиновска од Скопје. Делегат: Митко Ѓорѓиевски од Скопје.

НЕДЕЛА, 17 НОЕМВРИ

20:00ч

ПЕЛИСТЕР – СТРУЖАНКА

Сала: „Боро Чурлевски“ во Битола. Судии: Мирко Трајковски и Александар Вукашиновски од Скопје. Делегат: Марјан Начевски од Скопје.

ТАБЕЛА: 1. Металург 27 бода (348:161); 2. Куманово 27 (317:189); 3. Вардар 21 (292:199); 4. Стружанка 21 (295:239); 5. Чаир 21 (271:234); 6. Деспина 18 (252:270); 7. Спартак 11 (236:258); 8. Ѓорче Петров 9 (214:300); 9. Пелистер 8 (250:298); 10. Гевгелија 7 (203:274); 11. РК Алушовски 4 (253:343); 12. Овче Поле СУ 3 (211:256); 13. Кузман Вардар Илинден 3 (212:334).