Женска лига: Вардар на гости кај Чаир во дерби на колото

Откако Металург и Куманово ја одработија порано својата задача за 7. коло денеска останува да се види дали и ракометарките на Вардар ќе продолжат во истиот победнички ритам.

Со оглед на тоа што гостуваат кај составот на Чаир, кој покажува добра игра сезонава јасно е дека нема да биде лесно.

Мечот кој е дерби на 7. коло денеска се игра во Чаир.

Оттаму ова ќе биде дуел кој ќе покаже кој тим е подобро подготвен и кој ќе остане поблизу до водечките Металург и Куманово.

ЖЕНСКА ЛИГА

ДВОЈКИ И РЕЗУЛТАТИ ОД 7. КОЛО

ЃОРЧЕ ПЕТРОВ – КУМАНОВО   18:39 (ИЗВЕШТАЈ)

Србиновска 7, Донева 4, Петровска 3 – Трајковиќ 7, Чокели 7, Јанкуловска 6.

ПЕЛИСТЕР – МЕТАЛУРГ               23:45 (ИЗВЕШТАЈ)

Анчева 6, Милосављевиќ 4, Стојанова 4 – Граматова 8, Тасевска 6, Божиновска 6

САБОТА, 26 ОКТОМВРИ

15:30ч

СТРУЖАНКА – СПАРТАК

Сала: „Нико Нестор“ во Струга. Судии: Александар Марковски и Иван Илиевски од Битола. Делегат: Васко Дјакоски од Кичево.

17:00ч

ЧАИР – ВАРДАР

Сала: ОУ „7 Март“ во Скопје. Судии: Виктор Андонов и Стојанчо Јовановски од Скопје. Делегат: Душко Камишевски од Скопје.

19:00ч

ДЕСПИНА – ГЕВГЕЛИЈА

Сала: Р. Р. Ричко во Прилеп. Судии: Александар Вукашиновски и Мирко Трајковски од Скопје. Делегат: Камер Металари од Скопје.

НЕДЕЛА, 27 ОКТОМВРИ

16:15ч

КУЗМАН ВАРДАР ИЛИНДЕН – АЛУШОВСКИ

Сала: „Гоце Делчев“ (Илинден) во Скопје. Судии: Адриана Здравковска и Сања Божиновска од Скопје. Делегат: Васил Зипевски од Гостивар.

ОВЧЕ ПОЛЕ СУ е слободно

ТАБЕЛА: 1. Металург 21 бод (278:122); 2. Куманово 18 (221:125); 3. Вардар 15 (181:109); 4. Чаир 12 (153:125); 5. Стружанка 9 (177:153); 6. Деспина 9 (157:178); 7. Спартак 7 (152:172); 8. Гевгелија 7 (115:152); 9. Пелистер 6 (166:211); 10. Овче Поле СУ (142:161); 11. Ѓорче Петров 3 (127:180); 12. Кузман Вардар Илинден 3 (117:215); 13. Алушовски 0 (136:219).