Женската лига со 13 екипи – ќе има еден нов тим

Покрај за Првата лига, в понеделник на пладне ќе се изврши и ждрепката за редните броеви во Женската лига.

Во оваа конкуренција, исто како и лани ќе играат 13 екипи, со тоа што на местото на тимот на Алушовски кој не се пријави, ќе игра тимот на Шампион предводен од легендата Валентина Радуловиќ.

Системот на натпреварување во Женската Лига ќе биде еднокружен бод систем дома и гости 2 x 13 кола, вкупно 26 кола. По завршувањето на 26-то коло се добива конечниот пласман на екипите за сезоната 2020/2021 година.

Тимови што ќе играат во Женската лига:

СПАРТАК
ЃОРЧЕ ПЕТРОВ
ОВЧЕ ПОЛЕ СУ
КУМАНОВО
ШАМПИОН
МЕТАЛУРГ
КУЗМАН ВАРДАР
ДЕСПИНА
СТРУЖАНКА
ВАРДАР
ЧАИР
ГЕВГЕЛИЈА
ПЕЛИСТЕР