ЕХФ „удри“ по џебот на Неагу

Ракометниот Суд на Европската ракометна федерација ја казни парично романската легенда Кристина Неагу.

Левиот бек на ЧСМ Букурешт и романската репрезентација, доби казна од 4.000 евра поради навреди кон официјални лица.

Таа ја критикуваше лошата арбитража на четвртфиналниот меч меѓу ЧСМ Букурешт и Есбјерг кој се играше на 7 мај годинава.

Ракометниот Суд смета дека се прекршени oсновните правила на фер-плејот од страна на Неагу.

Романката ќе треба да плати 2.000 евра, а останатите 2.000 се дел од условна казна, која ќе се активира ако делото се повтори во следниот период.